Поучна приказна: Никогаш немојте да осудувајте додека не се ставите во туѓа кожа! - Македонија Денес

Поучна приказна: Никогаш немојте да осудувајте додека не се ставите во туѓа кожа!

Опомена!!!

Постои една мудра приказна за стар учител кому му се обратила една жена со своето мало дете и му рекла дека е уморна од својот син.

“Веќе сум уморна од ова дете, јаде премногу слатки и се плашам дека ќе се разболи, дека ќе му паднат забите. Со тоа, секогаш нешто го боли – желудникот, ова и она, а јаде само благо и ништо друго. Направете нешто. Знам дека ќе го послуша она што ќе го кажете вие”, рекла таа.

Учителот го погледнал момчето и и рекол на жената:
“Дојдете за една недела”

Жената се изненадила, затоа што секогаш кога ќе го прашала учителот за нешто тешко во животот, смрт, Бог, небото и пеколот, тој бил подготвен веднаш да одговори. Сега се работело за така мала ситница, само требало да му нареди на детето, а за тоа му биле потребни седум дена. Кога отишла после седум дена, учителот и рекол да се врати за две седмици.

На што дури и детето се изненадило. Кога се вратиле после две седмици, учителот го погледнал момчето и рекол:

“Можеш да го постигнеш тоа”.

“Зошто ви беа потребни 3 седмици само да ми го кажете тоа?”, прашало момчето.


“Затоа што и јас сакам слатки. Морав да се обидам и да видам дали можам и јас без нив, инаку како ќе можев да ти помогнам? Тоа би било лага, а тешко е, знам”, рекол учителот.

“Можевте само да му наредите, не требаше да докажувате”, рекла мајката на момчето.

“Не можам да зборувам за нешто што не сум го искусил. Никогаш не сум проговорил нешто што не сум го искусил, затоа што кога тоа ќе го направиш, во тоа нема воопшто вистина. Кога човек зборува од сопствено искуство тоа продира длабоко.

Јас го знаев тоа. Те погледнав во очи и сфатив дека ти тоа можеш да го направиш. Јас сум стар човек – јас сум слаб – мене ми беа потребни 3 седмици. Ти си млад, можеш да го постигнеш тоа за еден ден.

Таков е мојот начин. Никогаш не тврдете нешто што не сте искусиле самите, затоа што без лично искуство нема вистина”, рекол учителот.

Приказна која мора да ја прочитате: 5 работи во животот кои не можат да се вратат

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »