Потсетување: Даниел Кајмакоски и 10 Лета - Македонија Денес

Потсетување: Даниел Кајмакоски и 10 Лета

Опомена!!!

Даниел Кајмакоски го објави својот сингл и видео спот на македонски јазик со наслов “10 Лета”. Автор на песната е Александра Милутиновиќ, аранжман и продукција Дарко Димитров, превод и адаптација на Огнен Неделковски.

“Текстот за синглот 10 лета го претставува Даниел како емотивен и силен дечко. Се зборува за љубов која се случила можеби не во правото време, но секако не е само авантура и нешто минливо. Благодарејќи на Дарко Димитров кој е продуцент на овој сингл, песната звучи свежо и му дава на Даниел еден свој печат, на почетокот на својата кариера. Како што би рекле ние авторите – се надевам дека песната и успехот ќе траат долго!” – изјави Алесандра Милутиновиќ.

Видео спотот ја дополнува љубовната приказна од песната, прави дополнително уживање низ прошетка на различни локации снимени во Охрид. Даниел во спотот е придружуван од Поликсена Тунтева. Спотот е во реализација на ДК тим и Storyteller.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »