Потребни се 30 секунди за дијагноза: Направен е уред кој открива рак со помош на здив! (видео) - Македонија Денес

Потребни се 30 секунди за дијагноза: Направен е уред кој открива рак со помош на здив! (видео)

Опомена!!!

Британското здравство го финансира револуционерниот изум кој ќе помогне да се спасат илјадници животи.

Имено, станува збор за уред кој открива рак во самиот зачеток, со помош на здив!Го осмислил научник од Кембриџ, доктор Били Бојл, и го нарекол ReCIVA тестер на здивот.

-Рано откривање на болеста е клучно за зголемување на стапката на преживување. Шансите за преживување се 10 пати поголеми, а трошоците за лекувањето се 10 пати помали доколку ракот се открие во ран стадиум“, кажал тој.

Тестерот користи наночип кој ги анализира штетните хемикалии во здивот и за 30 секунди открива дали имате рак.

Доктор Бојл го осмислил уредот откако неговата сопруга Кејт Грос починала од рак на цревата и тоа на Божиќ кога имала само 36 години. Зад себе оставила два сина, близнаци, кои тогаш имале само 5 години.

Уредот веќе се тестира во една болница во Кембриџ, а наскоро ќе го има во уште 13 болници. Доктор Бојл за ова откритие добил и престижна награда.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »