Полека и без паника:Еве како да го спасите мобилниот телефон ако падне во вода (фото) - Македонија Денес

Полека и без паника:Еве како да го спасите мобилниот телефон ако падне во вода (фото)

Опомена!!!

На сите ни се случува мобилниот телефон да ни се намокри – без оглед дали е во прашање дожд, пад во  вир или во веце шолјата. Мобилниот телефон е драгоцено средство и многумина не можат без него ниту еден ден, а да не зборуваме и дека поправка или купување не се ниту малку евтини. Затоа ви носиме совети како да го спасите мобилниот телефон кој паднал во вода. Најважно од се е брзо и без паника да реагирате.

Веднаш извадете го телефонот

телефон

Клучно е веднаш да го извадите телефонот од водата, без проверување дали може да плива ако му е вклучена вибрацијата или не. Ако се уште е вклучен, моментално исклучете го за да не дојде до краток спој.

Исушете го телефонот со хартија

телефон

Извадете ја батеријата и сим картичката и исушете го телефонот со хартија. Ова барем ќе ги сочува контактите кои ги имавте во телефонот.

Користете правосмукалка

телефон

Користете правосмукалка за да ја извлечете течноста која можебии останала во телефонот. Телефонот ќе биде сув за околу 30  минути. Правосмукалката држете ја ан одредена оддалеченост, за да избегнете статички електрицитет кој може да го оштети телефонот.

Не користете фен за коса

телефон

Ова обично сите го прават и така прават огромна грешка. На овој начин ја буткаме водата подлабоко во телефонот, наместо да ја извлекуваме. Водата допира до електронските компоненти и ги оштетува, а вие можете да се збогувате со телефонот.

Ставете го телефонот во кеса со ориз

телефон

Оризот ќе ја апсорбира преостаната влага.

Ставете го телефонот на сонце

телефон

По пливањето, време е за сончање. Ставете го мобилниот телефон на пешкир и оставете го некое време на сонце.

Држете среќа

телефон

Среќата е важен фактор. Вклучете го телефонот и видете да ли работи. Ако не, жал ни е, ништо повеќе не можете да сторите.

Image source: wikihow.com

Потребни ви се 30 секунди и 10 денари: Направете лесна, а практична маска за мобилен телефон (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »