Погледнете како изгледа најголемиот водопад на светот (видео) - Македонија Денес

Погледнете како изгледа најголемиот водопад на светот (видео)

Опомена!!!

Ако барате најголем водопад по проток, тоа се Инга водопадите. Ако сте мислеле на највисоките, тоа се дефинитивно Ангелските водопади. Најшироки?Кхоне водопади.

Но доколку сакате да знаете кој е најголемиот водопад на светот, ќе мора да погледнете по океанот. Тамо ќе го најдете подводниот водопад Данскиот премин.

Овој подводен водопад се наоѓа помеѓу Гренланд и Исланд. Подводните водопади, познати како каскади, постојат кога студената и топлата вода ќе се сретнат.

Молекулите на студената вода не се движат многу, па остануваат тесно збиени и ја прават водата погуста од топлата вода. Сето тоа предизвикува студената вода да „паѓа“ точно низ топлата вода создавајќи постојан и доследен тек.

Водата која доаѓа од Грендландското море е студена, па кога ќе ја допре потоплата вода во Ирмингерово море, паѓа 3.5 км право со проток од 4.955 милиони литри по секунда.

Бонус видео:

Природата ни испраќа рекламација: Дрвја чии корења ја добија битката против бетонот (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »