Подготвени за одмор: Задолжителни производи во торбата за на плажа! - Македонија Денес

Подготвени за одмор: Задолжителни производи во торбата за на плажа!

Опомена!!!

Летото е веќе тука, а времето за годишните одмори започна.

Секоја жена при планирањето на одморот, голем дел од времето поминува размислувајќи за она што се треба да понесе за нејзината коса, кожа и нокти за да останe заштитенa и беспрекорнa во текот на летото.

Експертите не препорачуваат истите производи да се користат за лице и тело, бидејќи формулата наменета за лицето е посилна, има почисти состојки, хипоалергена е и наменета за чувствителните области, додека формулата за телото не е секогаш соодветна за примена на чувствителните делови на лицето.

Косата е исто така подложна на оштетување од сонцето. Производите наменети за заштита на косата од УВ зраците, сувост и солта ќе се погрижат по враќањето од летувањето да не завршите со оштетена и безживотна коса.

Усните се исклучително чувствителна област на лицето, а високата температура и топлиот воздух ги прави подложни на сушење, пукање и дехидрација. За да спречите губење на вода и да обезбедите целодневна мекост на усните, не заборавајте на плажа да го понесете вашиот омилен балзам.

И што е најважно, не излегувајте на сонце без крема со заштитен фактор, омилениот шешир и очила за сонце!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »