Пет емоции кои ги немаат успешните претприемачи - Македонија Денес

Пет емоции кои ги немаат успешните претприемачи

Опомена!!!

Една од карактеристиките на успешните претприемачи е што тие создаваат вредност гледајќи решенија онаму каде што другите не гледаат ништо.

Успешните претприемачи имаат способност да пронајдат решенија за сите проблеми коишто им се испречуваат на патот. Познато е дека емоциите може да бидат поттик, но од друга страна тие може да бидат и голем демотиватор. Клучот на успехот е да ги задржите оние чувства коишто ви даваат сила, а да ги отфрлите оние коишто ви оневозможуваат да напредувате. Еве пет емоции коишто не се дел од личноста на успешните претприемачи.

1. Љубомора

Претприемачите не се љубоморни. Тие гледаат на успехот на своите колеги како на резултат од напорна работа. Паметните ќе забележат што ги прави успешни тие луѓе, дали тоа е пазарот, производот, начинот на рекламирање и слично, па ќе се обидат да искористат нешто од тоа. Наспроти ова, луѓето коишто се љубоморни на другите, всушност признаваат дека никогаш нема да бидат успешни како нив. Тоа покажува голема несигурност, при што тие личности се спречени подобро да ја вршат работата. Запаметете, доколку можете да бидете вистински среќни за некој којшто е успешен, вие можете за еден чекор да го доближите успехот и до себе.

917295e6c11dedd7d7dc5deb10e252c0

2. Очај

Зборот очај може да се дефинира како „целосно губење или отсуство на надеж“. Успешните претприемачи не ја губат надежта, затоа што знаат дека без надеж, не постои ниту можност. Но, ова не значи дека и претприемачите понекогаш не се обесхрабруваат, зашто сепак и тие се луѓе. Но, она што ги карактеризира нив е тоа што нивната надеж никогаш не исчезнува комплетно. Без разлика што и да им се случи, тие секогаш успеваат да застанат на нозе, ако не веднаш, малку подоцна, но барем не се предаваат!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »