Печените јаболка – лек за зарипнатост (рецепт) - Македонија Денес

Печените јаболка – лек за зарипнатост (рецепт)

Опомена!!!

Против болките во грло и зарипнатост лек се печените јаболка. Тегобите може да се отклонат со три печени јаболка, кои треба да се изедат едно по друго, тврди виенски експерт за исхрна професор Хадемар Бранкхофер.

Важно е јаболката да не бидат врели, туку умерено топли. Во спротивно, може да се надразнат слузокожата на устата и грлото, опоменува овој експерт.

Исчистете ги јаболката од семки и направете фил од мелени ореви или лешници измешани со мед и суво грозје. Хадемар тврди дека ова е одлично средство и во борбата0 против стресот. Пожелно е јаболката на крајот да се премачкаат со мед (најдобро ливадски или липов) кој исто така е делотворен кај наведените тегоби.

Зошто се прави ова? За време на печењето, во јаболката доаѓа до создавање на посебни соединенија на ензими и биоактивни материи. Овие соединенија во слузокожата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на организмот за самолекување, тврди професорот Банкхофер.

Што ќе ви случи ако секој ден изедете 3 јаболка

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »