Парче пластика и алуминиумска фолија го засилуваат Wi- Fi сигналот (видео) - Македонија Денес

Парче пластика и алуминиумска фолија го засилуваат Wi- Fi сигналот (видео)

Опомена!!!

Научниците од Универзитетот Дартмут во Њу Хемпшир откриле дека рефлектори на 3Д сигнали, направени од тенки слоеви метал и пластика го засилуваат сигналот на Wi- Fi рутерот, пишува EurekAlert.

Нивните експерименти се темелат на принцип на употреба на алуминиумска фолија за пренасочување на сигналите од ѕидовите и други попречувачи.
Тим на научници го анализирал сигналот и произвеле сопствен специјален рефлектор кој го оптимизира сигналот во тест – собата.

Сите податоци ги внеле во програм за печатење WiPrint и дизајнирале оптимален пластичен рефлектор, користејќи 3Д печатар, кој на крајот го прекриле со алуминиумска фолија.

Како сето тоа изгледа во пракса може да погледнете во видео – снимката.
Ова решение ќе овозможи засилување на сигналот таму каде што е потребно.Јачината на сигналот со помош на него ќе може и да се намали таму каде што сакаме, како на пример кај соседите.

Луѓе кои се алергични на Wi-Fi: Бегаат во шуми за да се скријат од техниката, а ова е пораката која ја праќаат до светот(видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »