Парче облека задолжително за претстојните забави: Сребрен фустан(фото) - Македонија Денес

Парче облека задолжително за претстојните забави: Сребрен фустан(фото)

Опомена!!!

Металик чизми, металик панталони, металик јакни, во моментот, не постои модна комбинација без барем малку метален сјај.

Само беше прашање на време кога ќе се појават првите металик фустани за претстојните забавни денови, и ете пристигнаа!

Сребрените диско фустани во стилот на 80-тите се вратија на голема врата и тоа дефинитивно мора да се прослави.

За да постигнете гламурозен изглед а истовремено да се намали веројатноста за невкусен стајлинг, во комбинација со сребрен фустан, користете суптилна и природна шминка.

Избегнувајте модни додатоци односно накит кој што е впечатлив како синџирчиња. Меѓутоа, кога станува збор за обетки, тука нема потреба за грижа. Слободно на сребрениот фустан можете да додадете големи и впечатливи обетки, бидејќи тоа ќе го комплетира фустанот.

Без оглед на тоа дали ќе одберете металик сребрен фустан или некој со светки, важно е само да е сребрен и да светка!

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »