Овој знак во ноември го очекува брак и бременост! А еве на кои им се враќа љубовта од минатото! - Македонија Денес

Овој знак во ноември го очекува брак и бременост! А еве на кои им се враќа љубовта од минатото!

Опомена!!!

Ретроградната Венера влегува во знакот Вага.

Хороскопот за следниот месец, ќе биде доста стабилен и мирен за некои знаци, некои пак ќе направат чекор напред во животот и ќе се одлучат да застанат на „лудиот камен“.

На 1 ноември Ретроградна Венера влегува во знакот Вага и тука ќе се задржи се до крајот на ноември. Страстите конечно ќе се смират, бурните односи ќе запловат во помирни води. Врските кои ненадејно се прекината сега ќе добијат втора шанса.

Ќе ги преиспитаме односите, ќе пронајдеме баланс и така ќе ја разбудиме магијата. Сега врските стануваат поквалитетни и посигурни. Ве очекуваат доста романтични денови и нежни емоции.

Вагите конечно ќе почувствуваат сигурност во врска. Ќе се чувствуваат исполнето и ќе блескаат пред огледало. Ќе поскаат брак, а саканиот конечно ќе ве запроси. Многу Ваги ќе останат бремени во овој период. Љубовта е насекаде околу вас. Уживајте, затоа што во ноември ќе ја почувствувате атмосферата на вистинска бајка.

хороскоп

Близнаците, Лавовите, Стрелците и Водолиите по подолго време ќе се опуштат. Поранешната љубов ќе се врати со насмевка, чоколадо и цвеќе. Дали тоа ќе можете да го одбиете? Не, тоа никогаш не се одбива.  Ќе уживате во вниманието на партнерот, топла прегратка и искрените љубовни изјави. Се некако ќе добие посветла нијанса. Очекувајте повеќе дружење со пријателите. Ова е период кој ќе го паметите по убаво.

хороскоп

Овните, Раковите и Јарците ќе и се посветат на детална анализа на сопствените чувства. Постои можност дека ќе има и непријатни ситуации, но тие набрзо ќе поминат. Вежбајте ја трпеливоста. Во ноември така ќе се соочите со вистинските желби. Овој период ќе ви биде корисен за да од еден поинаков агол ја согледате вашата врска. На крајот се ќе излезе на виделина, а и крајно време е токму за тоа.

хороскоп

Биковите, Девиците, Скорпиите и Рибите во ноември ќе почувствуваат дека им е потребен одмор. На нив претходниот период им бил премногу турбулентен. Ќе се посветат на себе си, на масажи, разубавување и спортување. Сега ќе го пронајдат мирот и некоја нивна оаза на соништа во која ќе нурнат се додека не падне снег. А, тогаш? Тогаш ќе се појави вистинската љубов која ќе им го смени животот. Не се вели за џаба, кој чека ќе дочека!

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »