Овој знак е полн со тајни, незапирлив е, и бега од животот! - Македонија Денес

Овој знак е полн со тајни, незапирлив е, и бега од животот!

Опомена!!!

Полни сте со спротивности. Можеби не сте ни свесни за тоа, но за повеќето луѓе вие сте чудна и незапирлива личност.

Не сте постојани, вие се менувате. Уживате во тоа да бидете обвиткани со некој вид на магла. Вие сте склони да фантазирате, да сонувате, далеку од реалноста.

Вие сте ранливи: груби зборови, остри критики, злоба – тие можат да ви создадат голема болка. Бегате од животната реалност затоа што не можете да ги поднесете луѓето онакви какви што се. Немате сила да се борите, ги пуштате другите да ве водат, им се поклонувате.

Сепак, не може да се каже дека целосно се препуштате на судбината. Ако дојдете до вистинска поддршка, вие ќе продолжите напред.

Која е причината за овој недостаток на храброст?
Вие живеете во свет на имагинација и сте непоправлив идеалист. Може да се случи да почнете многу работи а ниту една да не ја доведете до крај.

Сакате да се жртвувате за нешто големо за да постигнете некој ваш идеал, или да им помогнете на слабите и беспомошните. Кон другите, вие сте толерантни до крајност.

Вашиот шарм, хумор и природност играат голема улога во односите со другите луѓе. Вие сте многу интуитивни. Луѓето имаат впечаток дека можете да ги предвидите настаните, слушајќи ја иднината.

Вие сте многу чувствителна личност, па постои можност да се исплашите од животот. Тогаш вашата богата имагинација за вас станува реалност.

Вие сте родени во знакот на РИБА (21 февруари – 20 март).

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »