Овој предмет ги штити децата, ја чува куќата од сиромаштија и зло: Секоја Јапонка го има!(фото) - Македонија Денес

Овој предмет ги штити децата, ја чува куќата од сиромаштија и зло: Секоја Јапонка го има!(фото)

Опомена!!!

Некогаш им се подаруваше на паровите кои немале деца, за да жената остане во блажена состојба што поскоро.

Кокеши куклите се израз на јапонската народната уметност, а најразлични видови од овие симпатични кукли денес можат да се најдат насекаде низ светот.

Се верува дека ги штитат децата, го чуваат домот од пожар и ја исфрлаат целата негативна енергија и зло од куќата.

Ова се јапонски кукли со потекло од регионот Тохоку, кој се наоѓа во северниот дел на Јапонија. Овие рачно изработени дрвени кукли имаат голема историја, но и верување дека тие поседуваат одредени магиски и заштитни моќи.

Традиционално, се прават како “чувари на децата”, а денес се многу популарни меѓу колекционерите.

Според верувањата, најчесто се подаруваат на младите парови како желба да добијат здраво дете.

Покрај тоа што служат како убав украс за Кокеши куклите се верува дека имаат моќ да спречат пожар и за протерување на злото. Традиционалните  кукли се обоени во црна, црвена или жолта боја, и покриени се со восок. Овие дрвени кукли имаат едноставна цилиндрична форма со тркалезни глави и без раце и нозе.

Денес, постојат различни дизајни на овие кукли со позаоблен облик отколку што беа традиционалните, со различни изрази на лицето и многу пошарени.

И покрај се во Јапонија се уште се верува дека Кокеши куклите се еден вид на амајлија, така што Јапонците и понатака ги имаат во своите домови како вистински заштитник.

Фенг шуи заштита од крадци: Овие предмети ги одвраќаат кражбите и несреќите во домот!(фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »