Овие знаци ви зборуваат дека е време за шишање! - Македонија Денес

Овие знаци ви зборуваат дека е време за шишање!

Опомена!!!

До шишање обично доаѓа од две причини: 1) нешто многу важно се случило во вашиот живот или 2) практички повеќе не ги препознавате сувите прамени на главата како своја коса.

Секако, секогаш постојат одговорни поединци кои се шишаат неколку пати во годината и ја чуваат својата коса во топ форма, но овој текст дефинитивно не е за нив.

Всушност, ова е за сите оние кои (пре)често се гледаат во огледало и мислат “дали е време”?(во најголем број на случаеви е “да”).

Во продолжение прочитајте ги најчестите знаци кои ви зборуваат дека е време за шишање, плус – што можеме да направиме за да го продолжиме времето до следното одење на фризер.

Ви треба повеќе време за да ја стилизирате косата
Еден од првите знаци дека е време за шишање? Едноставно, вашата навика на нега, стилизирање, обликување на коса ви трае повеќе отколку вообичаено. Тоа може да се случи затоа што имате истенчени и оштетени краеви. Косата ви станува сува и бара повеќе хидратизација и уште многу други работи за нега.

Не постои облик
Дали се сеќавате кога косата ви беше лесна и полна со живот. Не? Ако прамените од косата безживотно ви паѓаат – тоа е сигурен знак дека е време да посетите фризер.

Косата постојано ви е фатена во опавче или пунџа
Ова е еден од главните знаци дека треба под итно да се шишате. Ако се фатите самите себе си пред огледало дека постојано ја собирате косата, тоа веројатно значи дека и самите не сте воодушевени од тоа како ви стои пуштена коса.

Испукани врвови
Повеќето од нас одат на фризер кога ќе забележат дека имаат распукани врвови, но стручните лица велат дека веќе е доцна. Се препорачува да одите на подшишување секој 6-8 недели.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »