Овие 5 светски познати личности се жив доказ дека несовршеностите не се пречка за успех! (фото) - Македонија Денес

Овие 5 светски познати личности се жив доказ дека несовршеностите не се пречка за успех! (фото)

Опомена!!!

Тажно е што многу од луѓето денес се фокусираат на надворешното, се помалку фокусирајќи се на она поважното, каква е личноста одвнатре.

Склопивме листа од некои од најинспиративните луѓе за кои знаеме, кои го живеат животот не дозволувајќи нивните несовршености да ги пресретнат. Се надеваме дека овие личности ќе ве инспирираат да размислувате поинаку.

1.Victoria Modesta

инспирација

Позната под епитетот „првата бионична поп ѕвезда“, Викторија успева да го инспирира светот не дозволувајќи  да ја набљудуват како жртва. Таа е позната по нејзината песна “Prototype”, каде се прикажува како супер херој, како и нејзината животна приказна.

2. Stephen Hawking

инспирацијаКога Стивен имал 21 една година, му била  дијагностицирана парализа и му било кажано дека му преостануваат уште две и пол години од животот. Тој не само што продолжил со образованието туку станал еден од најпознатите теоретски физичари кои успеаа да ја популаризираат науката кај младите. Во 1985  ја изгубил способноста за говор, но ниту тоа не го спречило да продолжи да се занимава и остварува неверојатни успеси во тоа што го работи.

3.Sylvester Stallone

инспирација

Сталоне се здобил со трајна парализа на долниот дел од лицето на денот на раѓање. Ниту таа медицинска грешка не успеала да го сопре на неговиот пат да стане еден од најкултните актери на нашето време.

4. Jamie Brewer

инспирација

Како актерка, модел, и претставник на лицата со Даунов синдром, Џејми е вистинска инспирација. Минатата година таа беше дел од модната недела во Њујорк, и нејзините обожаватели кои ја знаат благодарејќи на American Horror Story ентузијастично ја следат нејзината приказна.

5. Peter Dinklage

инспирација

Ѕвездата на „Игра на тронови“ и „Нарнија“ е жив доказ дека харизмата, талентот и посветената работа се далеку поважни од висината. Актерот не се навредува на шегите  упатени на сметка на неговата висина, токму спротивно, тој и самиот знае да се пошегува на своја сметка.

Видео: Погледнете ги најдобрите 10 филмови за финтес кои ја подигнуваат мотивацијата до максимум

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »