Ова се најчестите причини за развод! - Македонија Денес

Ова се најчестите причини за развод!

Опомена!!!

Иако секое раскинување е приказна за себе, психотерапевтите ги издвоија најчестите причини зошто паровите се разделуваат : неверство, финансиски проблеми, зависност, некомпатибилност и вонредни ситуации.

разведен

Понекогаш причината за разводот е јасна, некогаш е тешко да се означи еден виновник за крајот на љубовта. Психотерапевтката Естер Перил, сепак, врз основа на долгогодишното искуство и набљудување на паровите, ги издвојува следните пет причини за развод.

Неверство – Иако во денешниот свет, прељубата станува се поприфатлива, и понатака многу парови поради неа ќе стават точка на својот брак. Била физичка или емотивна, таа со себе носи предавство и ја убива довербата, без која нема здрав однос.

Финансиски проблем – Онаму каде што бедата влегува на врата, љубовта излегува од прозорецот – предупредува старата изрека. Има голема вистина во неа, бидејќи кога имаме финансиски проблеми, ние сме нервозни, повеќе се расправаме, помалку сме толерантни.

Зависност – Не е лесно да се живее со зависници, бидејќи лицето што е зависно од секс, алкохол или нешто трето, има само една работа на памет – задоволување на својата потреба. Егоцентричноста сигурно не го чува бракот.

Некомпатибилност – Многумина застануваат на лудиот камен и не размислуваат за нештата што подоцна можат да бидат проблем. Различни животни вредности, цели, ставови кон религијата, потомство и други важни животни прашања не мораат да бидат проблем на почетокот, но подоцна тоа скоро сигурно ќе биде.

Вонредни ситуации – Дијагнози опасни по живот, смрт на дете или други вонредни околности може да ги зближат сопружниците, но, исто така, и да ги оддалечи, бидејќи секој се гуши во својата болка.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »