Одличен подвиг- Македонските планинари успешно ја завршија западната македонска трансверзала долга 250 километри! - Македонија Денес

Одличен подвиг- Македонските планинари успешно ја завршија западната македонска трансверзала долга 250 километри!

Опомена!!!

Планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје четврта година успешно изодеа 200 километри патека од т.н Прва западна македонска трансверзала.

Првичната експедиција броеше 28 членови, но шестмина се откажаа. За прв пат со рекордна бројка од 22, планинарите го започнаа своето патешествие на врвот Љуботен (2.498 метри) на Шар планина, а на крајот завршија во охридското село Црвена Вода. Интересно е да се напомене дека помеѓу планинарите имаше и четири девојчиња.

Опомена!!!

Извор: Facebook

За време на патот се погодија и временскиот услови, па така планинарите ја поминаа трасата за осум дена. Оваа година во групата имаше млади планинари кои за прв пат ја поминаа турата и храбро издржаа, иако воглавно се пешачи цел ден низ доста непристапни терени, при тоа имајќи ги за главни непријатели змиите и инсектите. Ова максимално го отежнува движењето ако се земе предвид дека се работи за надморска височина од над 2.000 метри.

Инаку, оваа делница „Љуботен-Охрид“ за прв пат е помината во далечната 1974 година, но бројката на планинари кои се вклучуваат расте од година во година, а последните четири години трасата се поминува редовно.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »