Ново кинеско чудо: Хотел во рударска јама, 16 катови под земја +2 под вода (видео) - Македонија Денес

Ново кинеско чудо: Хотел во рударска јама, 16 катови под земја +2 под вода (видео)

Опомена!!!

Луксузен хотел кој ќе биде отворен во вторник во Шангај на гостите со длабок џеб им нуди шанса за доста длабок сон, јавува АП.

Хотел „Интерконтинентал Шангај Вондерленд“(Intercontinental Shanghai Wonderland Hotel) изграден е во длабока јама на некогашн рудник, така што 16 од негови 18 ката се под нивото на земјата, а два се под вода.

-Проектирав многу различни згради во Велика Британија, Европа, Дубаи и на други места, но ова е нешто сосема поинакво и стана речиси моето животно дело, поради што можам да кажам дека тоа веројатно е и најзначајна градба која сум ја проектирал“, кажал главниот архитект Мартин Јоќман, познат по облакодерот Бурџ Ал – Араб во Дубаи.

Реализацијата на проектот започнала во 2006 година, но неговото финиширање било одлагано повеќе пати, најмногу поради технички барања, како што се строгите прописи во врска со заштита од земјотрес и одржување на нивото на водата.

Официјален претставник на УНЕСКО  Мајкл Крофт (Mićael Croft ) го оцени хотелот со 336 соби како модел на одржлив развој.

-Можевме да го напуштиме рудникот,но не го сторивме тоа. Го претворивме во скапоценост“, кажал Су Шитан, потпретседателот на градежната група Шимао од Хонконг која го изградила хотелот.

Хотелот е изграден во Сонгѓианг, во близина на шангајскиот меѓународен аеродром Хангќијао. Цена на ноќевање се движат од 530 до 860 долари.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »