Ново име на македонската музичка сцена: Талентираниот Божидар Николовски од Битола ја промовираше „Да си моја“ (видео) - Македонија Денес

Ново име на македонската музичка сцена: Талентираниот Божидар Николовски од Битола ја промовираше „Да си моја“ (видео)

Опомена!!!

Македонската музичка сцена се збогати со ново музичко име.

Младиот битолчанец, 18-годишниот Божидар Николовски на својот Јутјуб канал ја промовираше својата прва песна насловена „Да си моја“ со која настапи на Канео фест.

За песната, Божидар доби втора награда од стручното жири, како и награда за најдобар аранжман. Текстот, музиката и аранжманот се на Мими Марковски.

Божидар Николовски

-Музиката е мојата прва љубов колку и клише да звучи тоа е навистина така, од секогаш сакав да бидам пејач и да го покажувам мојот талент пред голема публика, но поради обврските што ги имав таа желба остана да тлее некаде длабоко во мене се до ноември минатата година кога микрофонот спонтано дојде во мои раце и тогаш за прв пат запеав пред поголема група на луѓе, реакциите беа фантастични и од тогаш почнав да се занимавам со музиката. Започнав така што го снимив мојот прв кавер на песната “Осамен” од Трајче Манев но без никакви музички подготовки после тоа почнав и активно да посетувам часови по соло пеење. Исто така направив и кавер на песната “Битола мој роден крај”, вели Божидар за Македонија Денес.

Ова талентирано момче  штотуку го заврши средното образование и се запиша на факултет за бизнис и менаџмент. Како што открива идните планови му се да основа своја мала група со која ќе може на настапува низ градовите ширум  Македонија и да го покажува она кое што најдобро го знае да го прави, а тоа е да пее.

-Јас кога пеам сум најсреќниот човек на овај свет, вели Божидар.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »