Со новите машини хортикултурното уредување станува забавно(видео) - Македонија Денес

Со новите машини хортикултурното уредување станува забавно(видео)

Опомена!!!

Зимата полека ќе заврши и со почетокот на пролетта хортикултурното уредување на дворовите но и градските зелени површини отвара ново поглавје од животот кое знае да биде макотрпно и да бара голем физички напор.

Секако без него ни личните дворови дотолку повеќе ни градското зеленило нема да има естетски изглед и ќе наликува на запоставено зеленило. Тој процес долги години беше плод на макотрпно рачно поткастрување на зеленилото што го правеше бесконечен се до есента.

Но на пазарот се појавија доста иновативни решенија кои не се базирани ни на роботика, ни на принципот паметни уреди. Се работи за едноставна имагинација пресликана преку механички додатоци и производи кои хортикултурното уредување го претвораат од напорна работа во забава која бара само имагинација.

“Прво ова не се машини од висока технологија. Може сами да ги поставите и одржувате. Се работи за склоп на механички погон кој со пренос на сила регулира работа на ножици кои може да се постават во неколку форми т.е. да продуцираат неколку форми на зеленилото кое се третира.

По иновацијата на косилката ова е една од оние помали машини за хортикултурно уредување на зеленило во градските средини. Секако има на пазарот големи машини кои прават чуда, но ова е повеќе машина за естетика на зеленилото.

Пазарот на кој ние имавме поставено таргет го прифати нашиот производ и веќе имаме порачки најчесто од градските власти кои сакаат да имаат ваква машина во својот град но и на производителите на зеленило кои знаат дека уредно поткастреното зеленило подобро и побрзо се продава.”

Hedge Trimmer Creates Perfect Spheres

This machine trims bushes into perfect spheres.

Posted by INSIDER inventions on Montag, 25. September 2017

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »