Нови професии ќе бидат атрактивни до 2030 година! Бараат интердисциплинарни познавања.. - Македонија Денес

Нови професии ќе бидат атрактивни до 2030 година! Бараат интердисциплинарни познавања..

Опомена!!!

Научниците предвиделе дека во 2030 година берзата на трудот ќе биде многу шаренолика и ќе нуди некои сосема нови професии во кои ќе се бара интердисциплинарност.

Носталгичари ќе бидат дизајнери на ентериери кои ќе ги оживуваат омилените сеќавања и моменти на своите клиенти. Ако сакате дневен салон од 1980 година или кујна од 1990 година, тоа ќе го сторат носталгичарите. Ова занимање во себе ќе ги обединува терапевтите, истражувачите на историјата и дизајнерите на eнтериер.

професии

 

Обновувачи на природата – ова занимање ќе подразбира поправање на штетата која човештвото ѝ ја нанело на природата со текот на годините. Со други зборови – ќе се отстрануваат огради, бетонски конструкции и различни артефакти кои ќе се менуваат со природа и со зеленило. Оние кои ќе се занимаваат со оваа професија треба да имаат познавање од земјоделие, ботаника, архитектура и уредување на околината.

професии

Стручно лице за поедноставување – оваа професија многу ќе биде барана во деловниот свет бидејќи целта е поедноставување на секојдневни обврски на вработените внатре во големите фирми. Вештините со кои ќе располага ова стручно лице се математика, логика, емотивна интелигенција и емпатија.

robot-i-covek-foto-profimedia-1445857306-770593

 

Терапевт за соочување со смртта – како што ќе се продолжува животниот век, ќе расте и потребата за помош на стручните лица во планирање на последните фази од животот и соочување со смртта. Лицето кое ќе ја работи оваа професија мора да има искуство во социјалната работа, нега на стари лица и болни лица, образование на возрасни и психологија.

За 100 години ќе се венчаваме и имаме деца со роботи:Вознемирувачки предвидувања на експертите откриле како светот би можел да изгледа

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »