Новата генерација забавен транспорт, YikeBike половина скутер – половина столица(видео) - Македонија Денес

Новата генерација забавен транспорт, YikeBike половина скутер – половина столица(видео)

Опомена!!!

YikeBike половина скутер – половина столица е нова генерација забавен транспорт кој неговите сопственици ќе може да го користат кон крајот на ноември.

Имено се работи за хибрид од скутер и столица кои се складно дизајнирани така што YikeBike во суштина е превозно средство за забава од најмладите до највозрасните.

Има нешто над 5 килограми тежина, компатно се склопува и расклопува, па откако ќе се повозите, лесно го склопувате во форма на торба која може да ја носите со себе. Има мал генератор кој ги одредува примарните параметри како што е брзината од 14 метри во час но и долговечна батерија со која со едно полнење може да поминете далечина од 20 километри.

“Идејата ни беше да ја направиме прошетката по пешачките или велосипедските патеки поудобна но и попрактична. Првиот проблем го решивме со седењето па нема разлика од онаа кога седите на удобна столица. Втората беше димензиите. Сакавме иновација која ќе може но и немора да ја користите. Обично традиционалните скутери мора некаде да ги паркирате. Овој не. Едноставно склопете го и тој е во големина на чанта и може да го носите со себе. Дизајнот е минималистички но немој да го потценувате YikeBike на прв поглед. Тој можи да развие сосема прикладна брзина а напојувањето овозможува возење до 20 километри должина. Полнењето на батериите е исто така баризано на иновациите од полначи за брзо полнење па за 15 минути додека го пиете вашето кафе батеријата може да достигне полнење до 50%.

Во секој случај ова е една иновација која ја наменивме за децата и воздрасните, иако и постарите лица пронаоѓаат интерес во неа. Она што сериозно очекуваме да биде интересно е како тинејџерите ќе најдат примена на YikeBike”.

Она што за оваа иновација е специфично е цената. Првата тура која веќе има свои сопственици платиле единечна малопродажна цена од 5.000 долари што е еднакво на цена на постаро возило, но сите тврдат дека за туристичките места и посетите каде едноставно не може да го носите со себе и својот скутер, ова возило е идеално па според намената цената за нив е сосема прикладна.

Капсула која ќе ги замени инекциите?(видео)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »