Новак Ѓоковиќ ја поддржа акцијата на Уницеф: Најважните моменти поминати со својот син кријат важна порака (фото+видео) - Македонија Денес

Новак Ѓоковиќ ја поддржа акцијата на Уницеф: Најважните моменти поминати со својот син кријат важна порака (фото+видео)

Опомена!!!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи на своите обожаватели да им ги прикаже најубавите моменти кој ги имал како татко со својот син Стефан, па така се приклучи на акцијата EarlyMomentsMatter, која ја покрена Уницеф.

Ѓоковиќ со својот син Стефан играше игра со која има цел да му помогне да развие вештини и способности. Всушност тоа е целта на оваа акција на Уницеф. Имено, за време на првата година од животот, во мозокот се фромира врска помеѓу невроните со брзина од 700 до 1000 секунди, темпо кое никогаш во животот нема да се повтори. Ако во тој период детето не добие правилна нега и добра исхрана и доколку е изложено на насилство, неговиот развој ќе биде загрозен.

Уницеф сака да укаже на тоа дека првите 1000 дена во детскиот развој имаат големо влијание на остатокот во животот. Затоа Ѓоковиќ со своите примери се придружи на оваа акција, која ја поддржаа многу татковци ширум светот.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »