Нов хит - чевли со животински принт(фото) - Македонија Денес

Нов хит – чевли со животински принт(фото)

Опомена!!!

Прошетајте по дивата страна со најновиот тренд оваа сезона – чевли со леопард принт.

Било да сакате да го подигнете неутралниот изглед или да додадете “wow” фактор на вашата комбинација, чевлите украсени со овој принт се совршен пар.

Ако имате малку поголема фантазија, веруваме дека секогаш имате некои интересни идеи и сите комбинации ги украсувате со шик чевли.

Дамите оваа сезона сакаат да носат неколку модели, како патики, чевли со платформа но и чизми со животински принт кои ќе остават силен впечаток каде и да се појавите, посебно ако знаете да ги стилизирате на вистински начин.

Со едноставен, минималистички капут во нежна крем нијанса и едноставен црн фустан одоздола, леопард чевлите за кратко време ќе ви станат едни од омилените за комбинирање.

Доколку сакате да бидете уште повпечатливи, одберете чевли со интересна и необична потпетица, чизми со леопард принт или пак рамни чевли со врвки.

Погледнете ги сликите, ќе забележите убави комбинации од уличната мода:

2 3 4 5 6 7 8 9 10

 

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »