Ниту бензин, ниту дизел! Автомобилите наскоро ќе ги возите на солена вода (видео) - Македонија Денес

Ниту бензин, ниту дизел! Автомобилите наскоро ќе ги возите на солена вода (видео)

Опомена!!!

На патиштата во Европа, верувале или не, наскоро ќе почнат да се движат возила кои не користат бензин или нафта, туку – солена вода.

солена вода
Најавено е дека Quant e-Sportlimousine,автомобил кој оди на солена вода, е одобрен кога е во прашање нашиот континент. Тој работи со помош на систем на проточни батерии кој може да досегне неверојатни 920 коњски сили, односно 680 киловати.

Автомобилот кој го направила германската компанија Quant може да досегне брзина од 100 км/ч за 2,8 секунди. Максимална брзина му е 350 км/ч.

-Автомобилот го придвижува систем на проточна батерија, кој претставува дел од NanoFlowcell технологијата. Системот работи слично како хидрогенска батерија, освен што за чувањето на струја се користи солена вода. Двете течности со метални соли кои се однесуваат како електролити, се комбинираат така што настанува електрохемиска реакција. По тоа, електричните мотори ја користат оваа реакција за да создаваат струја, која потоа се складира и распределува со помош на кондензатор“, велат од оваа компанија.

Тие напомнуваат:
Ефикасност на овој систем досега речиси 80 отсто, поради тоа што автомобилот едвај да поседува подвижни делови, а произведените загуби на топлина се безначајни во однос на автомобилите кои ги придвижуваат литијум – јонските батерии.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »