Никако! Еве што не треба да правите на почетокот на врската! - Македонија Денес

Никако! Еве што не треба да правите на почетокот на врската!

Опомена!!!

Колку и да сакаме и да ја поддржуваме љубовта, постојат некои работи кои на сите нас ни одат на нерви.

Почетокот на врската е прекрасен, магичен, сè пука од емоции и среќа, а новиот пар на сите ни е сладок – додека не ни стане страшно неомилен.

Во ред е да сакате луѓето да ве видат дека сте среќни и заљубени и дека имате некој кој ве сака, но немојте да ги поминувате границите на пристојноста затоа што тогаш на сите ќе им станете напорни и ќе почнат да превртуваат со своите очи кога и да ве видат.

Некои парови прават кардинални грешки, поради што луѓето во нивната околина не можат да смислат да бидат во нивна близина.

Прекумерно бакнување
Сите знаеме барем еден пар кој се бакнува на маса во друштво додека сите ги гледаат и превртуваат со очите на глетката.

Пренос на врската на социјалните мрежи
Сетете се само на оние среќни парови кои ги познаваме по тоа што го полнат Фејсбук со приказните и сликите за нивната среќа.

Симпатичните имиња задржете ги за себе
Симпатичните “прекари” се во ред, но тоа не значи дека луѓето околу вас така лесно ги “варат” и сакаат да ги слушаат.

Постојано зборуваат “ние”
Ова важи за парови кои се заедно една недела, и се однесуваат како да се заедно цела вечност. “Ние” сме ова, “ние” сме она, … На кого му е гајле?

Паметување
Многу е смешно кога на луѓето наоколу им паметуваат по само еден месец гледање. По еден месец забава со некого, не можете да бидете експерт за меѓучовечки односи и советник.

Секундите одлучуваат! Ова е должината на совршениот бакнеж

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »