Неуредна пунџа - една од најпопуларните фризури сезонава, еве како да ја направите(видео) - Македонија Денес

Неуредна пунџа – една од најпопуларните фризури сезонава, еве како да ја направите(видео)

Опомена!!!

Лежерна и за многумина омилена фризура, ниската пунџа оваа сезона се врати на голема врата.

Опомена!!!
Покрај тоа што совршено ја подигнува секоја комбинација, можете да ја направите во различни варијанти, одговара речиси на сите, можат да ја носат и жени со боб должина како и оние со подолга коса.

Идеална е за оние денови кога не сакате да ја миете косата или немате време да ја измиете косата, а со малку шампон за суво миење, дури и тенката коса ќе го добие волуменот на коренот и ќе стане совршена основа за оваа трендовска фризура.

И покрај тоа што на прв поглед изгледа како ништо да не правите со оваа “неуредна пунџа”, оние кои се обиделе барем еднаш да ја направат, свесни дека не е многу едноставно. Напротив, иако неуредна, оваа пунџа бара техника за секој пат да излезе лежерна, но со совршен број на влакна кој излегуваат од неа и совршен профил.

За да ви помогнеме да ја пронајдете совршената техника на ниско – неуредната пунџа, погледнете го видеото кое ви го подготвиме, а кое дефинитивно ќе ви помогне, и запомнете, со вежбање до совршенство.

Фризура која им одговара на сите а се прави за минута: Познатите ја обожаваат(фото/видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »