Нема да ви се верува! Што се менува кај вас кога сте во сериозна врска? - Македонија Денес

Нема да ви се верува! Што се менува кај вас кога сте во сериозна врска?

Опомена!!!

Никогаш не сте јаделе маслинки додека сте биле сингл, но по неколкумесечна сериозна врска, не можете да си го замислите животот без нив?

Според една неодамнешна студија објавена во магазинот “Appetite”, вашите преференции за вкус и мирис (со други зборови, тоа што сакате и не сакате да го јадете), можат целосно да се променат со цел да бидете посинхронизирани со вашиот партнер. Звучи лудо, се согласувате?

Истражувачите проучувале 100 парови кои биле во врска од 3 месеци до 45 години и ги проучувале нивните одговори на различни миризби и вкусови. Тие откриле дека колку подолго сте во врска, толку вашите рецептори за вкус работат на посличен начин. Ова се покажало како вистинито без оглед на задоволството во врската.

Но, зошто се случува ова?

Со оглед на тоа што партнерите делат ист дом (вклучувајќи кујна и фрижидер) и најчесто јадат заедно, големи се шансите да делат исти оброци. И кога ќе почнете да јадете одредени нови состојки редовно, вашите преференции за вкус полека се менуваат и адаптираат.

Изгледа само прашање на време е кога ќе почнете да сфаќате дека брокулите се многу повкусни од тестенините, бидејќи според вашиот партнер, тие се неизбежен дел од здравата исхрана…

Реални илустрации: Како изгледа љубовта кога никој не гледа (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »