Неговата ќерка го „запали“ Скопје, а сега доаѓа и тој- Стинг со голем концерт во „Борис Трајковски“ - Македонија Денес

Неговата ќерка го „запали“ Скопје, а сега доаѓа и тој- Стинг со голем концерт во „Борис Трајковски“

Опомена!!!
На  Македонија ќе и се случи најголемиот концерт во нејзината досегашна историја!

Еден од најголемите пејачи на сите времиња доаѓа во Скопје, неколку месеци по гостувањето на неговата ќерка во скопскиот клуб „Епицентар“ за коешто пишуваме овде.

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- Стинг.
Тој заедно со The Rolling Stones, Bruce Springsteen, U2, Depeche Mode и Coldplay  е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.
Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.
Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.
На оваа турнеја, пејачот свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“,„Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“.
Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на Стинг, ќе настапи и Joe Sumner.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »