Не знаете што да му подарите за денот на вљубените? Со овие подароци не можете да згрешите! - Македонија Денес

Не знаете што да му подарите за денот на вљубените? Со овие подароци не можете да згрешите!

Опомена!!!

Спас во последен час за сите девојки кои не знаат што  да му подарат на нивниот партнер за Денот на вљубените.

Парфем – Денес е идеален ден да одберете мисир кој подолго време сакате да го почувствувате на вашиот партнер.

Срце – Подарете му го своето срце, симболично нека тоа биде од кадифе, хартиено или пак од некој друг материјал и тоа нека биде симбол на вашата љубов.

вљубените

Интимна облека – Секси долна облека е одличен избор за двојките кои се во подолга врска. Нека неговата долна облека биде црвена (бојата на љубовта) но и комотна.

Романтична вечера во домашен амбиент – Наместо одење во ресторан, направете му романтична вечера во вашиот дом. Запалете свеќа и уживајте во интимна атмосфера.

Чоколадна торта во форма на срце – Ако сака благо, направте му чоколадна торта во форма на срце.

вљубените

Перничињата секогаш се ин– купете или направете едноставно еднобојно перниче. Од филц во друга боја исечете натпис или облик кој сакате да го додадете, па сошијте го или залепете го на ткаенината.

подарок

Бонус – Љубовна порака – најубавиот подарок за Денот на вљубените

Колку и да сте креативни при изборот на подароци за саканата личност, ниеден подарок нема да биде поубав од неколку искрени зборови, особено ако сами ги смислите и ставите на парче хартија.За оние на кои креативноста не им е јака страна, подготвивме неколку слатки љубовни пораки. Запишете ги или пратете ги во порака и измамете насмевка на лицето на вашата љубов.

Среќен ден на вљубените!

*Ни кога морето ќе завладее со копното, ни кога во пустината ќе падне снег, ни кога сред ноќ ќе излезе сонце, ни тогаш нема да престанам да те сакам!

*Погледни го часовникот и сè ќе ти биде јасно, никој не праќа пораки толку касно. Тоа го прави само оној кој од срце сака, те молам добро размисли зошто ти пишувам вака…

*Синоќа добив порака од небото. Бог се жалеше дека му побегнал најубавиот ангел. Не грижи се сакана моја, не му кажав каде си!

*Што да ти шепнам, што да ти пишам, толку те сакам што не можам да дишам!

*Само ти знаеш што ми треба, твојата топла насмевка и љубов до небо. Единствено ти можеш тоа да ми го дадеш, затоа те сакам, само да си знаеш!

*Се молам ништо да не го изгасне сјајот во твоите очи и никогаш да не бидам причина за твојата тага. Те сакам!

*Понекогаш толку многу ми шеташ по мислите, што се прашувам како не те болат нозете. Те сакам мој мал анѓелу!

*Некои во срцето чуваат среќа, други пак делче од сон, некои парче минато и спомени на некое далечно време, а во моето срце јас те чувам само тебе!

Подарете срце: 10 најромантични подароци за Денот на вљубените(галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »