Не морам јас ништо: Еве поради што Павле Вујисиќ не сакал да носи свечен костум пред Тито! - Македонија Денес

Не морам јас ништо: Еве поради што Павле Вујисиќ не сакал да носи свечен костум пред Тито!

Опомена!!!

Оваа невообичаена приказна се случила еден августовски ден во Белград 1969 година. Нејзините актери биле прославениот и надалеку позната легенда на југословенското  актерство Павле Вујисиќ и маршалот и доживотниот претседател на Социјалистичка Федеретавина Република Југославија Јосип Броз Тито.

Неговите култни улоги и брилијантната глума останале во сеќавање. Павле Вујисиќ е еден од великаните на југословенското  актерство, а поради својот специфичен сензибилитет и несекојдневен хумор, зад него останале анегдоти кои и ден денес се раскажуваат.

 Павле Вујисиќ

Како на пример, приказната за тоа како Паја го запознал Тито. Неколку месеци пред премиерата на југословенскиот воен спектакл „Битка на Неретва“ на Белиот двор била организирана посебна проекција „само за очите“ на маршалот.

Било предвидено Тито да ја запознае екипата која работела на филмот, па да присуствуваат биле поканети сите – од шминкерот до комплетната актерска поставка со исклучок на Орсон Велс кој бил оправдано отсутен.

Поканата, секако, се однесувала и на Павле Вујисиќ, кој во филмот го играл шоферот Јордан. И така се случило двајца  офицери во униформи да дојдат по славниот актер на  неговиот сплав на Сава и да го придржуваат до капијата на дворот на Дедиње каде го пречекале девојки чија задача била да го придружуваат Паја до гардеробер и да му дадат убав, свечен костум предвиден за прием кај Тито.

 Павле Вујисиќ

Облечен во својата „рибарска  униформа“ – бермуди, раскопчана кошула на риги, папучи побелени од песок, Павле Вујисиќ немал ниту најмала намера да облече „костум за пингвини“.

-Јас не морам ништо!Можете вие да го пробате, а јас да си се вратам на Ада“, велат дека викал додека оделе кон гардеробата.

Непријатната ситуација продолжила. Паја не се откажувал и изгледало дека немало сила која би  можела да го натера да се премисли и тој да облече костум. Викањето било толку гласно што, додека одел кон дворот, го слушнал и самиот Тито. Заобиколувајќи ја својата придружба маршалот сам пошол до гардероберот и ги отворил вратите. Сите останел занемени.

 Павле Вујисиќ

-Друже, дали вашите шофери носеле костуми и кравати во војната? Ме тераат да го облечам ова, а сите знаат дека јас сум шоферот Јордан во филмот“,  како од пушка испукал актерот.

Приказната вели дека Тито се насмеал, му пришол и го прекинал Павле Вујисиќ носејќи го во една мала, споредна просторија. Никој не знаел што се случувало внатре. Само во еден момент келнерот им однеле виски.

Проекцијата доцнела. Павле Вујисиќ никогаш не зборувал за настаните од тој ден. Беше тоа и официјално единствената негова средба со Тито.

 Павле Вујисиќ

Што пишувало во тестаментот на Павле Вуисиќ а беше најголем боем меѓу актерите на екс-Ју?

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »