Научниците утврдија кои фраери најверојатно ќе ви овозможат оргазам! - Македонија Денес

Научниците утврдија кои фраери најверојатно ќе ви овозможат оргазам!

Опомена!!!

Оргазмите конечно станаа тема на сериозните научни истражувања. Тим на научници од Универзитетот во Алабама испрашувал група на жени во хетеросексуални врски за сите нивни партнери, оргазми и способноста на партнерот за да ги доведе до оргазам, а резултатите кои ги добиле, па … и не се многу изненадувачки!

Според резултатите од оваа студија, жените се повеќе склони кон постигнување оргазам ако се во врска со партнер кој е богат, полн со самодоверба и физички привлечен, а интензитетот на оргазмот бил поинтензивен доколку нивниот партнер е попривлечен. Друг фактор што значително влијае на сексуалното задоволство? Широки рамена!

Интензитетот на оргазмот е директно поврзан со нивото на привлечност кое жените го чувствуваат кон партнерите, бројот на односи кои ги имале во текот на таа недела и општото задоволство од сексуалниот живот. Исто така, жените кои своите партнери ги сметале за духовити почесто имале секс и почесто доживувале оргазам.

Смислата за хумор не само што влијае на самодовербата кај момците, туку благодарение на него, жените повеќе се подготвени да иницираат секс, почесто да имаат секс и на крај почесто да доживеат оргазам.

Значи, жените со посмешни и позабавни партнери очигледно имаат најдобар сексуален живот. Тоа нас и не не изненади многу. Но изненадува фактот колку жени се подготвени да останат во врска со партнер кој не ги привлекува или не го сметаат за забавен.

Ако сте вие една од тие, оваа година задолжително направете промена. Ја заслужувате најдобрата можна врска, партнер и сексуален живот.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »