Нарачала фармерки преку интернетот:Во предниот џеб пронашла грозно изненадување!(фото) - Македонија Денес

Нарачала фармерки преку интернетот:Во предниот џеб пронашла грозно изненадување!(фото)

Опомена!!!

Медицинска сестра Кристин Еванс нарачала преку интернет страна Nordstrom фармерки марка Not Your Daughters Jeans, а иако панталоните изгледале совршено, во еден од џебовите ја пречекало грозно изненадување.

Имено, во џебот од фармерките кои ги платила 89 фунти, нашла танга гаќички. Носени!

И се јавила на корисничката служба, но тие никогаш не и се јавиле на неа. На крајот решила на Твитер да објави што и се случило.

фармерки

-По години лојалност кон вашата компанија, шокирана сум од изостанокот на корисничката поддршка откако ги добив фармерките Not Your Daughters Jeans со валкани и носени танга гаќички во предниот џеб. Се јавив на корисничката служба и не добив одговор адекватен на стандардите на компанијата“, напишала на Твитер.

фармерки

Додала, дека како медицинска сестра загрижува опасност по здравјето кое валканата долна облека ја претставува.

Како што тоа обично се случува, откако нејзината приказна излегла во јавноста, Nordstrom и се извинил нудејќи и замена на фармерките, а објавиле и дека истражуваат што точно се случило.

Инаку, Кристин досега често нарачувала од  Nordstrom и немала никакви проблеми.

Танга – фармерки навистина постојат: Последен моден хит или врвот на лошиот вкус?

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »