Направен е телефон за одвикнување од паметните телефони, а еве како работи (видео) - Македонија Денес

Направен е телефон за одвикнување од паметните телефони, а еве како работи (видео)

Опомена!!!

Зависноста од „паметните телефони“ денес е се поприсутна, па затоа еден дизајнер решил да и застане на патот!

Австрискиот дизајнер Клеменс Шилингер конструирал единствена „замена за паметните телефони“, која би требало да помогне луѓето да прекинат да го „чепкаат“ телефонот од досада.Овој „лажен“ телефон е направен од пластика, а во себе има вградено камени куглички кои служат за тоа да луѓето самите станат свесни за својата зависност од „светлечките екрани“.

Тој направил пет „модели“ од овој телефон, од кој секој поддржува пет најчести движења со прстите преку екранот на смартфон: скролање, зумирање, вртење на слајдовите, прелистување, отклучување.

Овие „телефони“ се уште не можат да се најдат во продажба, но сајтот на Шилингер најавува дека наскоро ќе започне веб продажбата.

Запознајте го најмалиот андроид мобилен телефон на светот (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »