„Највредните“ пасоши на светот: Најмоќен е пасошот на Обединети Арапски Емирати, а еве како се котира македонскиот - Македонија Денес

„Највредните“ пасоши на светот: Најмоќен е пасошот на Обединети Арапски Емирати, а еве како се котира македонскиот

Опомена!!!

Како што се наведува на интернет страната The passport Index,Македонија на листата го заслужила 36 – тото место.

На првото место се наоѓаат обединети Арапски Емирати, чии граѓани со пасошот може да влезат во 167 земји, додека второто место го делат Германија и Сингапур со чии пасош може да се влезе во 166 земји.

Пасошите на Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Италија, Франција, Холандија, Шпанија, Норвешка, Јужна Кореа и САД  се наоѓаат на третото место и со нив може да се влезе во 165 земји.

пасош

Од земјите на поранешна Југославија, најсилен пасош го има Словенија која се наоѓа на седмото место и со него може да се влезе во 161 земја. Неа ја следи Хрватска на 11- то место, а Македонијаи Црна Гора се наоѓаат на 36 и 37 место. Србија на листата ја зазема 31 – та позиција додека пасошот на Босна и Херцеговина се најде на 40- тото место. Од сите жители на поранешна Југославија, најмали можности за слободно патување имаат луѓето од Косово, кое се наоѓа на 81 место.

На последното место е авганистански пасош со кој може да се патува само во 29 земји, а по него следат Иран, Пакистан, Сирија и Сомалија.

The passport Index рангира 199 пасоши.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »