Најубавите кафтани од high street брендовите(галерија) - Македонија Денес

Најубавите кафтани од high street брендовите(галерија)

Опомена!!!

Кафтанот има долга историја и е едно од најелегантните и најсофистицираните парчиња кои можете да ги носите во текот на летото.

Потекнува од Персија, а денес е омилено парче облека за плажа на многу дами. Лелеавост, со атрактивен дизајн, богатство од бои и најдобрите свилени ткаенини се причините зошто жените го бираат како свое омилено парче облека.

Тие претежно се направени од проѕирни и лесни материјали. Ова лето ни доаѓаат во силни бои и смели принтови. Кафтанот е одличен сојузник на костимите за капење и во него ќе се чувствувате како познатите холивудски ѕвезди. Ова парче облека е многу популарно, а со одбирање на соодветен кафтан после плажа веднаш може да продолжите на коктел или пијалок.

Кафтанот можете да се комбинирате со рамни гладијатор сандали и маркантна чанта. Шешир и големи ретро очила ќе го надополнат вашиот летен изглед. Овој рецепт со години го практикуваат многу познати дами.

Уживајте во летото и одберете кафтан кој на плажа ќе ве претстави како дама со стил.

Фото: Google

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »