Најубавата бајка на светот открива: Зошто ја китиме елката пред Новата година? - Македонија Денес

Најубавата бајка на светот открива: Зошто ја китиме елката пред Новата година?

Опомена!!!

Дознајте од каде потекнува обичајот и зошто ја китиме елката. Најубавата бајка доаѓа од Русија и веруваме дека ќе ве разнежи, а доколку се уште не сте ја накитиле елката по читањето на оваа прекрасна приказна веднаш ќе го сторите тоа.

Кога се родил Христос, ѕвезда од небето ги водела мудреците од Исток, покажувајќи им пат се до пештерата во која се наоѓала Богородица со Христос. Над пештерата во која се родил Христос, растеле три дрва – бор, кедар и ела.

елка

Нив ги осветлила светлоста на раѓањето на Христос, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички со прекрасна миризба. Борот ги спуштиш најубавите шишарки. Тажната ела горко плачела, затоа што таа немала ниту мирисни иглички ниту шишарки. Солзите на елата ги видела една ѕвезда и се сожалила врз неа. Поради нејзината желба да го дарува Христос, не и дозволила да остане тажна во таа ноќ. Испратила една малечка ѕвездичка да се спушти на врвот на елата. Тогаш таа блеснала со ѕвездена светлина и длабоко поклонувајќи се ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јасли на слама лежел Христос. Затоа и ден денес на врвот на елка се става ѕвездичка, како знак и симбол на љубов кон Христос.

Китењето на елката е општ христијански обичај. Елката се кити во пресрет на Божиќ, а даровите под неа потсетуваат на Христовото раѓање, на најголемиот дар кој некогаш им е даден на луѓето. Токму таа радост треба да ги израдува децата.

елка

Билка која цути на Божиќ: Најубавото верување за Божиќната ѕвезда и сиромашните деца

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »