Најдобрите начини да се ослободите од стресот! - Македонија Денес

Најдобрите начини да се ослободите од стресот!

Опомена!!!

За ослободување од негативните мисли и воспоставување психичка рамнотежа можат да ви помогнат миризлива купка, омилена музика и пишување.

Кога некој или нешто ќе ве налути, истурете ја вашата тага и огорченост на парче хартија, напишете писмо кое нема да го испратите туку ќе го фрлите или ќе го сочувате, но веднаш ќе почувствувате олеснување.

Потоа опуштете се со купка со неколку капки на миризливо масло од лаванда или нане и слушајте ги вашите омилени песни. Тоа ќе направи да се чувствувате како нови, а новата енергија која ќе надојде ќе го подобри вашето расположение и имунитет.

За анти-стрес терапијата да биде успешна, почнете да им простувате на другите, за почеток простете им за оние мали нешта со кои ве повредиле и навредиле. Во тоа ќе успеете кога ќе се ослободите од ирационалните очекувања дека нешто заслужувате или не заслужувате, бидејќи тоа е најчесто резултат на вашите заблуди, субјективност и комплекс на повеќе вредности.

Со потенцирање на омраза и незадоволство губите многу енергија, што доведува до стрес, ментални нарушувања и болести, а неминовно и до лоши односи со опкружувањето, на работа и во семејството.

Покрај тоа, со негативните емоции привлекувате фрустрирани луѓе како вас, кои дополнително ќе ве оптеретуваат со своите проблеми и ќе бидете исполнети со деструктивни чувства.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »