Музичкиот состав „Фидбек“ со нова песна пред македонската јавност - Македонија Денес

Музичкиот состав „Фидбек“ со нова песна пред македонската јавност

Опомена!!!

Музичкиот состав „Фидбек“ во наредните денови ќе ја промовира својата нова, трета по ред студиска песна која го носи насловот „Влези во мојот живот“, а зад неа се потпишуваат Огнен Неделковски (текст) и Милан Стефановски (музика и аранжман).

Песната е снимена во студиото на „Кларион Продукција“, а музичкиот состав „Фидбек“ е составен од 5 професионални музичари во комплетен вокално-инструментален состав и тоа: Јане Славов (вокал), Игор Гудески (тапани), Томислав Димовски (соло гитара), Бобан Клељоски (клавијатура и вокал) и Стефан Петрушев (бас гитара).

14569564_1136951009729266_1703164328_n

Официјално постојат од 2009-та година, а за сите овие години можат да се пофалат со настапи на голем број свадбени прослави, матурски вечери, настапи во најпознатите дискотеки од сите градови во Република Македонија, настапи како придружен бенд на познати телевизиски емисии како „Опуштено“ со Тони и Део и други.

14585291_1136951013062599_1244947937_n

Момците од „Фидбек“ зад себе имаат голема соработка со многу естрадни уметници од земјава и странство, меѓу нив може да се истакнат настапите како пред група на солистичките концерти на Здравко Чолиќ, Тони Цетински и Аца Лукас, но и како пратечки бенд на настапите на босанската нова ѕвезда, Маид Хеќимовиќ Она што е особено интересно за овој бенд е токму нивното големо внимание кое го посветуваат на делот со забавна музика на свадбените свечености каде изведуваат евергрини од македонската и светската сцена, но и шпански и латино хитови.

Во очекување на новата песна, уживајте во легендарните „Голем бекрија“, „Оди ѕвездо“ и „Нели ти стига мојата младост“ во изведба на музичкиот состав „Фидбек“.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »