Мудрост на денот: Прво ти научи да бидеш среќен и дури тогаш ќе можеш да ги научиш твоите деца да бидат среќни - Македонија Денес

Мудрост на денот: Прво ти научи да бидеш среќен и дури тогаш ќе можеш да ги научиш твоите деца да бидат среќни

Опомена!!!

Денешната мудрост на денот ви ја пренесуваме преку оваа стара приказна која и тоа како треба да ја прочитате и да ја споделите со другите.

Оделе еднаш стар мудрец по пат, ја набљудувал природата и уживал во прекрасните пролетни бои. Наеднаш здогледал маж кој на грбот носел некаков тежок товар.

Се гледало како под товарот му се треселе нозете.

-Зошто самит себе си се осудуваш на толку тешка работа и страдање?, прашал старецот.

-Се мачам за да моите деца и внуци бидат среќни, одговорил несреќниот маж.

-Мојот прадедо се имаше осудено на тежок живот и работа за доброто на мојот дедо, дедо ми за доброто на мојот татко, татко ми поради мене, а јас ќе се помачам поради среќата на моите деца.

-Дали некој во вашето семејство бил среќен?, запрашал мудриот соговорник.

-До сега немало таков, но сметам дека моите деца и внуци ќе бидат среќни“; одговорил со ентузијазам мажот.

-За жал, неписмениот човек не може да научи да чита, како што кртот не може да одгледа орел“, воздивнал стариот мудрец.

-Најпрво мораш да научиш ти самиот да бидеш среќен и дури тогаш ќе можеш да ги научиш твоите деца да бидат среќни. Тоа ќе им биде најскапоцениот подарок од тебе.

Поучна приказна: Оној кој граба само за себе, никогаш нема да ја фати среќата!(читање 2 мин, мудрост засекогаш)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »