Мотиватор со чудни навики: Зошто Пеп Гвардиола постојано ја чеша главата?! - Македонија Денес

Мотиватор со чудни навики: Зошто Пеп Гвардиола постојано ја чеша главата?!

Опомена!!!
Дани Алвеш долги години ја делеше соблекувалната со Пеп Гвардиола и конечно даде објаснување за причината поради која Каталонецот постојано се чеша за глава.

Алвеш четири години помина во Барселона и заедно со Пеп освои апсолутно се. Сега е играч на Јувентус, но го поврзуваат со Манчестер Сити па така има можност повторно да соработува со Гвардиола. Во едно интервју Бразилецот говореше за шпанскиот стручњак, а одговори и на чудното прашање кое му беше поставено:„Зошто Пеп постојано се чеша по главата?“.

„Кога губевме, Пеп на полувреме во соблекувалната седеше на стол и наеднаш почна да ја чеша силно главата. Ова траше долго, очигледно бараше некоја генијална идеја. Потоа рече: „Тоа е, го имам одговорот“. Скокна и почна да дава упатства, пишуваше бројки и едноставно ни нацрта што треба да направиме за да победиме. Тоа беше неверојатно“- изјави Дани Алвеш.

Нема некој што не го забележа чешањето по главата на Пеп, бидејќи постојано го прави тоа, па така Шпанецот стана мотиватор со чудни навики.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »