Моќта на денешната технологија на дело: Научниците од САД ја покажаа технологијата со помош на која се прават лажни и монтирани снимки (видео) - Македонија Денес

Моќта на денешната технологија на дело: Научниците од САД ја покажаа технологијата со помош на која се прават лажни и монтирани снимки (видео)

Опомена!!!

Технолошкиот напредок е неизбежен, но развојот на технологијата понекогаш навистина може да изгледа застрашувачки.  

Истражувачите од Универзитет во Вашингтон развиле технологија која користи машинско учење за совладување на движење на лицето и подоцна произведува доста автентични видео – снимки.

Со други зборови, станува збор за технологија која го чита изразот на лицето и врз основа на алгоритам учи и репродуцира движења врз основа на потполно друга аудио – снимка.

Овој пат во „главна улога“ се најде поранешниот американски претседател Барак Обама, најпрво затоа што има голем број видео – снимки.

Видео покажува неверојатна точност на говорот од Белата куќа кој се заснова на потполно други аудио – снимки. Истражувачите дури отишле толку далеку што земале снимка од студентски денови на Обама и „залепиле“ звук на снимка на која се гледа значително постар поранешниот претседател на САД.

Тоа што најмногу  се покажува како проблематично тука се „лажните вести“: било кој би можел со многу мал буџет да создаде лажни снимки кои изгледаат доста автентично. Всушност, толку добро, што е тешко да се забележи дека се работи за лажна снимка.

Колку се тоа изгледа застрашувачки, можете да погледнете во видеото:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »