Моќно: Професор со помош на стуткана хартија совршено им објаснил на учениците што значи да се биде привилегиран - Македонија Денес

Моќно: Професор со помош на стуткана хартија совршено им објаснил на учениците што значи да се биде привилегиран

Опомена!!!

Еден професор во средно училиште одлучил на своите ученици да им одржи едноставна и ефектна лекција за привилегијата и социјалната мобилност.

На сите им поделил парче хартија и ги замолил да го стуткаат. Потоа ја померил кантата за ѓубре пред таблата и кажал:„Играта е едноставна, вие ги претставувате жителите на оваа земја. А сите во оваа земја имаат можност да се збогатат и станат дел од повисока класа. Се што треба да сторите е да од вашето место ја уфрлите хартијата во канатата за ѓубре“.

Учениците во последните клупи веднаш се побуниле:„Ова не е поштено“. Виделе дека тие во првите клупи имаат подобри шанси да ја погодат канатата. Сите се обиделе да погодат и како и што можело да се очекува, поголем број ученици од првите клупи (но не сите) успеале да ја уфрлат хартијата во канатата, додека тоа им успеа само на неколкумина од задните клупи.

професор

-Колку што седевте поблиску до кантата, шансите да ја погодите ви беа поголеми. Така  во реалниот живот изгледа привилегија Дали забележавте дека на неправда се жалеа само оние од задните клупи? Од друга страна, оние во првите клупи не ни воочувале колку се повластени. Се што виделе се неколку метри кои ги делеле до целта“, кажал професорот.

-Вашата работа како ученици кои се образуваате да бидете свесни за привилегијата која ај имате. И користете ја оваа привилегија наречена „образование“ за да дадете се од себе и постигнете големи работи и притоа да се борите за правата на оние кои седат во редовите зад вас“, заклучил.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »