Моќен дрон кој е со иста големина како смартфон:Може да направи неверојатни нешта, иако го собира во вашиот џеб!(видео) - Македонија Денес

Моќен дрон кој е со иста големина како смартфон:Може да направи неверојатни нешта, иако го собира во вашиот џеб!(видео)

Опомена!!!

Најпознатиот произведувач на дронови, кинескиот DJI, го претстави своето  беспилотно летало кое го носи името Mavic Air.

Станува збор за еден вид на меѓу чекор помеѓу минијатурниот DJI Spark и поприлично поскапиот Mavic Pro.

Mavic Air е дрон кој може да се склопи и е со големина како просечен паметен телефон. Наспроти неговите мали димензии, овој дрон може да снима 4К видео  и 12 – мегапиксели фотографии, додека во воздух може да остане 21 мината и лета со брзина од 68,4 километри на час.

Во спортскиот начин на работа може да се оддалечи до четири километри од пилотот.

дрон

Најголемата драж на Mavic Air е тоа што моментално е најмалиот дрон со стабилизатор во три оски и со систем за избегнување на препреки со седум камери и во три насоки. Може да полета и на надморска височина од 5000 метри. Буквално изгледа како дете кое го добиле Mavic Pro и Spark, а доаѓа во три бои – бела, црна и црвена.

Камерата на овој дрон според најавите од DJI е прилично моќна. Има ½.3” сензор, леќа со отвор на бленда f/2.8 I жаришна должина од 24 милиметри. Може да снима HDR фотографии како и VR фотографии со големина од 32 мегапиксели, така што автоматски се врти во воздух за да склопи различни фотографии во една.

Видеото снима во 30 фрејмови во секунда, а забавените снимки во 120 FPS во 1080p. Mavic Air има 8 GB интерна меморија, со влез за микро SD картички. Новиот далечински управувач кој доаѓа со овој дрон е уште помал од претходните, затоа што идејата е сите компоненти на дронот да може да се носат во ранец или дури и во јакна.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »