Модна икона наспроти се: На кралицата на темнината и кажале да ја избели кожата, а таа со одговорот им одржа лекција на сите! (фото) - Македонија Денес

Модна икона наспроти се: На кралицата на темнината и кажале да ја избели кожата, а таа со одговорот им одржа лекција на сите! (фото)

Опомена!!!

Црна како ноќта, а сепак ги урива сите бариери. Таа е модна икона наспроти се!

Таа е гласот на луѓето со темна кожа во модната индустрија, но и пошироко.

Запознајте ја Нјаким Гетвеч, жена од Јужен Судан која со својата длабоко пигментирана кожа и жестока решителност ги урива бариерите на конвенционална убавина и ги охрабрува другите да го сторат истото.

Оваа 24 – годишна модна икона во подем, која сега живее во Минесота, не се срами од својот меланин и сака целиот свет да го знае тоа. Нејзините фотографии на Инстаграм  редовно имаат повеќе од 10 000 лајкови. На текстот под една од нив таа го опишува искуството во кое возач на Убер и предложил да се обиде да ја „избели својата кожа“, а нејзиниот одговор на ова било гласно смеење. „Нема да поверувате какви се прашања добивам што имам ваква кожа“.

Гетвеч е гласот на црните луѓе ширум светот како и во модната индустрија.

-Не давајте американските стандарди да ја оштетат вашата африканска душа“ му порача таа на својот народ. Сакајте ја кожата во која живеете, кој и да е нијанса!

И Балканот има своја Ким Кардашијан: Двојничката на славната старлета ја следат повеќе од пет милиони луѓе (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »