Модна едукација: Забранети места и ситуации за фармерки ! - Македонија Денес

Модна едукација: Забранети места и ситуации за фармерки !

Опомена!!!

За некои места и ситуации носењето на фармерки не е примерно. Затоа проверете кога не би требало да носите фармерки и истите да ги замените со панталони или други парчиња облека

1.Венчавки
Фармерките би требало да ги оставите кога одите на венчавка. Според бонтонот, ова правило може да се прекрши, само доколку младенците сакаат максимално лежерен “dress code” за својата венчавка и доколку одобруваат носење на фармерки.

2.Погреб
Иако е општо познато, не е на одмет да ве потсетиме дека фармерките се строго забранети да се носат на погреб или бдеење. Во такви сериозни ситуации, треба да се покаже почит кон покојникот и неговото семејство. Еден од начините да покажете почитување е да се облечете во склад со традицијата која бара темни парчиња на облека, освен ако семејството на починатиот не изрази друга желба.

3.Запознавање на родителите на партнерот
Првото запознавање на родителите, е единствена шанса за оставање на добар впечаток. Иако сите “модни критичари” знаат дека фармерките со добар стајлинг можат да изгледаат многу подобро од фустан, поголема е можноста дека најдобар впечаток ќе оставите во некоја поелегантна варијанта.

4.Разговор за работа
Секогаш треба да изгледате професионално, па заборавете на фармерките кога одите на интервју за работа.

5. Сите ситуации, т.е места каде се бара формален “dress code”.
Уметнички галерии, свечени вечери…според правилата би требало да носите поелегантни парчиња облека.

Нов моден хит: Фармерки со крагна!(фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »