Модерни панталони кои ќе ги носиме ова лето(наместо фармерки)! - Македонија Денес

Модерни панталони кои ќе ги носиме ова лето(наместо фармерки)!

Опомена!!!

Кога летните температури се високи и ние не се чувствуваме пријатно во омилените фармерки, а здолништата веќе ни се досадни или не ни се допаѓаат, летните алтернативни опции доаѓаат како вистински спас.

Продавниците се полни со различни панталони, а има модели за сечиј вкус. Ви ги откриваме најголемите летни трендови за панталони.

1. Пастелни панталони
Нежен и романтичен стајлинг лесно може да се создаде со пастелни нијанси. Можете да почнете со панталони во благи розови, виолетови, зелени или сини нијанси кои изгледаат одлично со монохроматски, плетени или необични кошули. Додајте сандали со високи потпетици и зачинете со голема чанта или шал.

2. Панталони со впечатливи дезени
Барајте светли панталони со сјајни бои со дезени од цвеќе, палми, пруги или туфни. Белата кошула совршено го балансира овој изглед. Кога станува збор за обувки, предлагаме избор на модерни папучи.

3. Панталони во силни бои
И, се разбира, летото бара боја! Затоа, светло портокалова, црвена и зелена боја на панталони мора нужно да се вклопат во вашата гардероба. Можете да играте со материјали и текстури.

Додадете едноставни еспадрили, сламени чанти и модерни очила за сонце и – идеалниот изглед за секој ден е подготвен.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »