Мобилен тоалет за домашни миленичиња(видео) - Македонија Денес

Мобилен тоалет за домашни миленичиња(видео)

Опомена!!!

Со домашните миленичиња се знае, мачките сами за себе уредно водат хигиена за физиолошките потреби, потребно е само навремено да се менува песокот во кутијата, кучињата се позависни од сопствениците и треба редовно да се шетаат.

Но во урбанизација и градежен хаос, многу закони а малку заштита за нив, и преголемото време кое сопствениците го минуваат на работа, и за нив на повидок е креативно решение.


Компанија која е лиценцирана за иновации за домашни миленици но и ентериери на пазарот го претстави новиот мобилен тоалет за домашни миленичиња. Секако најдобро би било ако имате време да го однесете кучето на добра прошетка, но на некои раси на зима им студи а на лето им е топло. Ова е добра иновација за мали апартмани а одлична за поголеми но и куќи со двор. Вака барем нема да мора да го покривате она место од тревникот кое сменило боја.

“Не се работи за негрижа или немање време за вашето домашно милениче, туку едноставно за подобрување на квалитетот на неговото живеење. Кучињата се многу верни и паметни домашни миленичиња, но за разлика од мачките нив им треба друг простор за нивните физиолошки потреби.

Но нагонот не е можно да го контролираме, барем не секогаш па треба да сте свесни дека вашето милениче има потреби и во оние часови за кои вие сметате дека е сосема безгрижно.


Нашата иновација е практична. Кучињата ги помнат местата каде еднаш оставиле белег, така по серијата испитувања нашиот производ се покажа прилично иновативен и ефикасен, затоа што особено во лето, кога едноставно е нехумано вашето куче да има константен пристап до вода, ова е решение за оние сопственици кои ги чуваат своите миленичиња во станови, катови од куќа или куќа која не изобилува со дворно место.

Системот е поврзан во довод на вода но и со одводот, така што нема непријатности, а дотурот на вода се активира според “токсичноста” на вештачката трева. И од она што го имаме како повратна реакција од голем број тест клиенти, сите се задоволни со овој производ, што значи дека и нивните миленичиња го прифатиле соодветно добро.”

Според сопствениците на кучиња мобилниот тоалет е прилично солидна иновација. Прво зафаќа мал простор, второ е хигиенски и трето му дава дополнителна слобода на кучето и во периоди кога едноставно мора да изврши физиолошка потреба а не мора повеќе да трпи додека се врати сопственикот.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »