Многу промени: Што се случува во организмот кога ќе го исфрлите шеќерот од исхраната? - Македонија Денес

Многу промени: Што се случува во организмот кога ќе го исфрлите шеќерот од исхраната?

Опомена!!!

Исфрлањето на шеќерот од исхраната има бројни здравствени користи, а слабеењето односно намалување на ризикот од дебелеење е само еден од нив.

Го губите салото од стомакот – Математиката е едноставна: ако сакате да го елиминирате салото до стомакот, храната богата со шеќери заменете ја со онаа богата со влакна.

Пораст на енергијата –Кога ќе изедете нешто благо или испиете кафе, чувствувате налет на енергија по кој следи нејзино нагло паѓање. Токму затоа посегнете по храна богата со здрави масти и бавно сварливите протеини, за да имате енергија во текот на целиот ден.

Се намалува желбата за благо – Колку повеќе јадете благо, толку повеќе и ќе копнеете по него и обратно.

шеќерот

Подобра работа на срцето – Конзумирање на прекумерни количества шеќер како последица може да има таложење на лошиот холестерол, што може да резултира со разни болести на срцето.

Намален ризик од дијабетес – Помалку шеќер во организмот, помалку шанси за заболување од дијабетес.

Ќе биде подобро фокусирани Исхраната богата со шеќер може да се поигрува со вашата концентрација, да ги наруши функциите на мозокот и да ги зајакне симптомите на депресијата, се наведува во книгата „Zero Sugar Diet“. Со други зборови, шеќерот не е добар за вашиот мозок.

шеќерот

Спречува надуеност – Иако обично надуеноста обично се поврзува со солената храна поради натриумот кој влијае на задржување на водата во телото, надуеноста може да настане и поради претерана конзумација на шеќерот.

Подобар сон – Американската Национална асоцијација го довела во врска лошиот сон со прекумерна конзумација на шеќерот во текот на денот. Така може да спиете доволно, но сепак наутро да се чувствувате исцрпено.

Лажен леб: Без млеко, јајца и глутен, вкусот е совршен (рецепт)

Поубав изглед на кожата – Шеќерот лошо влијае на калогенот кој е доста важен за младешкиот изглед.

Зголемување на мускулите – Одредени американски истражувања го поврзаа губењето на мускулната маса кај повозрасните личности со рафинираниот шеќер кој го спречува телото во синтетизирање на протеините во мускулите.

Кога ќе го исфрлите лебот од исхраната ќе доживеете три големи промени

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »