Милијардер дава 5 милиони долари ако го имате решението на овој проблем!(видео) - Македонија Денес

Милијардер дава 5 милиони долари ако го имате решението на овој проблем!(видео)

Опомена!!!

Шведски милијардер Ласло Зомбатфалви, основачот на  “The Global Challenges Foundation”, планира да му исплати пет милиони долари на оној кој успее да ја реши моментално доста заплетканата ситуација по прашање на светските настани.

Како што напишал Ласло на сајтот на неговата фондација во неодамна објавената порака, на светот му е потребна нова идеја и филозофија на уредувањето на државите, која ќе ја извлече целата планета од проблемите на кои не им се гледа крајот, а за решавање на причините можеби е и предоцна.

The Global Challenges Prize 2017  ќе биде доделена на оној поединец или група, универзитет, компанија или здружение кое може да работи било каде на светот, а кое предлага најдобро алтернативно решение за модел на државно уредување, без оглед дали тој предлог ќе биде нешто како „поправен испит“ за веќе постојните  и познатите или како целосно нова реформа на севкупните на нас досега познати државни уредувања.

Новиот модел би морал да биде јасен и јасно да ги дефинира проблемите и да укаже во која сфера на уредувањето би морале да се направат промени и кои, а некои на кои веќе самата фондација укажува се – климатски промени, пренаселеноста и зголемување на бројот на популацијата во одредени делови од светот, проблем на сиромаштијата и слично!

30 септември е краен рок за пријавување на предлозите, по што списокот на најдобрите идеи ќе се појави на сајтот на фондацијата, а предлозите ќе бидат вклучени во понатамошна имплементација, со задолжителен паричен надомест за најдобрата идеја!

Погледнете го видеото!

Девојче ги разоткри банкарите:Еве како богатите стануваат се побогати и како се богата на сметка на народот (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »